
Филмски грабеж во Центар: Романци украдоа 43 парчиња злато, Интервентна ги фати на излез
Вистинска драма се одвивала вчера на пладне (30.12) во познат трговски центар во Центар. Двајца 19-годишни државјани на Романија (В.Л.П. и Ф.И.П.) влегле во златарница глумејќи заинтересирани купувачи. Во моментот кога вработената ја извадила футролата со накит за да им покаже, тие употребиле сила, ја грабнале футролата и се дале во бегство.
Брза реакција на полицијата: Пленот е вратен
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Нивниот обид за бегство траел многу кратко. Службеници од Единицата за интервентна полиција ги пресретнале и уапсиле крадците уште на самиот излез од трговскиот центар. Кај нив биле пронајдени сите 43 украдени парчиња златен накит, кои веднаш му се вратени на сопственикот. Против младите крадци ќе бидат поднесени соодветни пријави.


