
Мицкоски потврди: Стигнува ново линеарно покачување, исплатата во април
Добра вест за пензионерите на почетокот на годината. Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Кавадарци потврди дека Владата останува доследна на своето ветување: со мартовската пензија (која се исплаќа во април) следува ново линеарно зголемување. Тој нагласи дека оваа мерка не е само популистичка, туку економски оправдана.
Цел: Намалување на сиромаштијата и класните разлики
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Според премиерот, најновите статистики за нивото на сиромаштија и т.н. Џини коефициент (мерка за нееднаквост во распределбата на богатството) покажуваат дека линеарниот модел дава резултати. „Сакаме да ја намалиме сиромаштијата кај најранливите и да ја подобриме еднаквоста. Во тој поглед сме најдобри во регионот“, истакна Мицкоски, додавајќи дека борбата за подобар стандард на највозрасните останува врвен приоритет.


