
„Ова е кукавички напад за нафта“: Венецуела брои мртви цивили и најавува жесток отпор
Додека светот ги гледа слики од апсењето на Мадуро како „ТВ шоу“, од Каракас пристигнуваат обвинувања за крвопролевање. Министерот за надворешни работи, Иван Едуар Гил Пинто, во драматично интервју обвини дека САД извршиле „подмолен напад од грб“ во кој, спротивно на американските тврдења, има загинати цивили и воени лица.
Армијата е на улиците: „Државата не падна, функционира преку потпретседателот“
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
„Американците нападнаа за да ја скршат волјата на народот и да ги украдат нафтените ресурси“, изјави Гил. Тој нагласи дека иако Мадуро е физички отстранет, државниот апарат е стабилен. „Венецуелската армија е распоредена и одлучна. Државата функционира преку потпретседателот и Парламентот и ќе ја победиме секоја агресија“, порача шефот на дипломатијата, инсистирајќи дека Мадуро останува единствен легитимен претседател.


