
Скандал или шоу? Џа Рул „заринка“ лице во задникот на Џеј Ло, сопругата со епска реакција

-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Жешка сцена во Лас Вегас! За време на новогодишниот настап во Колосеум театарот, додека го изведуваа хитот од 2001 година „Ain’t It Funny“, раперот Џа Рул (49) направи потег што го зовре интернетот. Додека Џенифер Лопез (56) тверкаше пред него, тој се наведна и буквално го доближи лицето до нејзиниот задник. Видеото стана вирално за неколку минути, а фановите веднаш почнаа да прашуваат: Што ќе каже жена му?
„Ни случајно нема да спие на кауч“
Наместо љубоморна драма, сопругата на раперот, Аиша Аткинс, го шокираше светот со својата самоувереност. На коментарите на Инстаграм дека Џеј Ло изгледа „ненормално добро“, таа кратко потврди: „Секогаш“. А на провокативното прашање дали Џа Рул вечерва ќе спие во куќичката за кучиња поради овој испад, Аиша шмекерски одговори: „Ни случајно“.


