
Железната рака на Нико Ковач: Адејеми казнет со 90.000 евра, платата му е скратена веднаш
Тренерот Нико Ковач воведе воена дисциплина во Борусија Дортмунд. На зимските подготовки во Марбеља, донесена е итна одлука младиот офанзивец Карим Адејеми да биде казнет со дури 90.000 евра поради непромислениот потег на мечот со Менхенгладбах. Парите ќе му бидат одбиени директно од месечната плата.
„Лошото момче“ на германскиот фудбал: Од ТикТок кутии до нелегално оружје
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Ова не е прв испад на 23-годишната ѕвезда. Медиумите потсетуваат дека само пред два месеци, Адејеми плати вртоглави 450.000 евра казна за нелегално поседување на боксирач и електричен шокер (тејзер). Неговото оправдување тогаш беше бизарно – тврдеше дека оружјето му пристигнало во „мистериозна кутија од ТикТок“. Ковач овојпат порача јасно: „Инцидентите нема да се кријат под тепих“.


