во ,

Од Холивуд до Бејл: Кои светски ѕвезди денеска кршат лепче и слават православен Божиќ?

„Српски зет“ и ерменска крв: Овие светски ѕвезди денеска слават Божиќ заедно со нас

Додека поголемиот дел од западниот свет ги отпакуваше подароците на 25 декември, за една избрана група на холивудски ѕвезди, вистинската прослава се случува денес, на 7 јануари. Некои поради потеклото, а други поради љубовта кон партнерите, овие ѕвезди со гордост ги почитуваат православните обичаи.

Ким Кардашијан и корените на татко ѝ

Супер Попуст -25%

Кралицата на реалните шоуа никогаш не го криела своето ерменско потекло. Љубовта и почитта кон нејзиниот покоен татко, Роберт Кардашијан, ја одржуваат традицијата жива. Затоа, во домот на Кардашијан се слави двапати – еднаш поради децата на 25 декември, и уште еднаш, за душата на предците, на 7 јануари.

Том Хенкс – православен поради љубов

Холивудската легенда е еден од најпознатите православни верници во Америка. Тој ја промени верата кога се ожени со неговата сопруга Рита Вилсон, која има грчко потекло. Семејството Хенкс денес има богата трпеза и ги почитува сите обичаи на Јулијанскиот календар.

Кристијан Бејл – „Српскиот зет“

Малкумина знаат дека Бетмен го слави Божиќ во јануари. Кристијан Бејл е оженет со Сандра „Сиби“ Блажиќ, која е со српско потекло. Поради неа, тој ги прифатил православните обичаи и денешниот ден е посебен во нивниот дом.

Џенифер Анистон и Мила Јовович

Омилената „Пријателка“, Џенифер Анистон, често истакнува: „Православието ме поврзува со мојот татко и дедовината“ (таа има грчки корени). Од друга страна, убавицата Мила Јовович, родена во Киев од татко Србин и мајка Русинка, никогаш не се откажала од својата вера, па дури и ќерката ја крстеше во Руска православна црква во Лос Анџелес.

Наоми, Нина и Тина

На листата се и „Црниот пантер“ Наоми Кембел (која ги засака руските обичаи за време на врската со милијардерот Доронин), ѕвездата на „Вампирски дневници“ Нина Добрев (родена во Бугарија) и комичарката Тина Феј, која има грчко потекло.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драма на Филипините: Земјотрес од 6,7 степени ги стресе островите, народ во паника

Зимата покажа заби: Денес се очекуваат снег, дожд и ветер од 60 км/час