
Ријана зададе удар на Илон Маск? Неговата трансродова ќерка Вивијан е новото лице на „Savage x Fenty“
Ријана повторно ги поместува границите на маркетингот и модата. За својата најнова кампања за Денот на вљубените, таа ја ангажираше 21-годишната Вивијан Вилсон, трансродовата ќерка на технолошкиот могул Илон Маск, со кого таа нема никакви односи.
„Модерна ода на Афродита“
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден
Вивијан е ѕвездата на колекцијата „Love So Savage“. На фотографиите таа позира самоуверено во розов градник и мини здолниште од чипка, рушејќи ги сопствените стравови.
„Бев преплашена. Порано никогаш не покажував кожа, дури ни на плажа. Но, сакав да си ја докажам самодовербата“, призна Вивијан за „Vanity Fair“.
Ријана: „Славиме љубов во сите форми“

Пејачката објасни дека Денот на вљубените е време за прифаќање на различностите. „Во Savage x Fenty, сè е во прифаќањето на љубовта на секој начин и создавање производи што ги прават луѓето да се чувствуваат самоуверено“, изјави Ријана.
„Не ми е гајле за него“: Затегнати односи со Маск

Вивијан е ќерка на Маск и неговата прва сопруга Џастин. На 16 години се изјасни како трансродова, а на 18 официјално го отфрли презимето Маск.
Нејзиниот коментар за татко ѝ е брутален: „Не ми е гајле за него. Навистина. Досадно е што луѓето ме поврзуваат со него. Едноставно немам простор повеќе да ми е гајле“.
Кариерата на Вивијан е во подем – таа веќе беше на насловната на „Teen Vogue“ и дебитираше на модната писта во Њујорк.


