
(ВИДЕО) ИРАН ВО ТОТАЛЕН ХАОС: Насилството ескалира во 16 градови, Гардата пука во народ, банкоматите мртви!
Револуцијата во Иран се шири незапирливо. И покрај обидите на режимот да го „замрачи“ она што се случува со исклучување на интернетот, информациите протекуваат. Би-Би-Си јавува дека жестоки судири се водат во најмалку 16 градови, а жариштето сега е во Захедан, на истокот од земјата.
Банкарски колапс и паника за храна
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Покрај насилството, граѓаните се соочуваат со егзистенцијален ужас. Поради блокувањето на интернетот:
- Банкоматите не работат: Луѓето немаат пристап до своите пари.
- Дебитните картички се неупотребливи: Трговијата е блокирана.
- Паника: Се јавува масовно трупање на основни намирници и храна.
Револуционерната гарда пука со боеви куршуми
Најкрваво е во местото Малекшахи (западен Иран), каде демонстрантите директно се судриле со Револуционерната гарда. Сведоците тврдат дека Гардата употребила огнено оружје.
Билансот на жртвите расте:
- Невладините организации бројат најмалку 51 загинат демонстрант (вклучително 9 деца).
- Загинати се и 14 припадници на безбедносните сили.
Повици за враќање на Шахот и закани со смрт
عجب جمعیت بینظیری! دریافتی از هفتحوض تهران، همین حالا ۱۸ دی؛ مردم همراه با شعار «جاویدشاه» شاهد سوختن یک ساختمان حکومتی هستند. فرستنده گفت: «امشب مردم تهران برای فراخوان شاهزاده میلیونی به خیابانها آمدهاند.» pic.twitter.com/MIbbkzssJr
— Amirhossein Miresmaeili (@AmirMiresmaeili) January 8, 2026
Додека демонстрантите го повикуваат прогонетиот престолонаследник Реза Пахлави да се врати и извикуваат пароли против ајатолахот Хамнеи, власта одговара со брутални закани.
Јавниот обвинител утрово порача: „Секој што ќе оштети државен имот или ќе нападне полицаец, може да се соочи со смртна казна!“
САД, Франција, Британија и Германија остро го осудија насилството, додека Техеран тврди дека ова е заговор на „Големиот Сатана“ (САД) и Израел.


