во ,

Трамп со ултиматум до Путин и Си: „Нафтата во Венецуела е наша – ако ви треба, ќе ви ја продадеме!“

ТРАМП „ОТВОРИ КАРТИ“: Ја окупиравме нафтата на Венецуела за да ги избркаме Кина и Русија – сега ќе им ја препродаваме!

Американскиот претседател Доналд Трамп повеќе не крие ништо. На состанокот со директорите на најмоќните нафтени компании во Белата куќа, тој јасно кажа зошто САД ја презедоа контролата врз венецуелската нафта: За да ги спречат Пекинг и Москва да го сторат истото.

„Ни се допаѓате, но немате што да барате таму“

Супер Попуст -25%

Трамп откри што точно им порачал на своите ривали:

„Им реков на Кина и Русија: Добро се согласуваме, ни се допаѓате, но не ве сакаме таму. Нема да бидете таму. Да не го сторевме ние ова (преземањето на нафтата), таму ќе беа Кина или Русија, можеби и двете заедно. Но, сега ги нема.“

Понуда што не се одбива: „Купувајте од нас!“

Во стилот на бизнисмен, Трамп веднаш понуди решение. Бидејќи САД сега се „газди“ на најголемите резерви на нафта во светот, тој им понуди на ривалите да станат клиенти.

„Кина може да купи нафта колку што сака од нас. Русија може да добие нафта колку што ѝ треба од нас. Отворени сме за бизнис“, порача Трамп, додавајќи дека венецуелската нафта ќе биде достапна на пазарот „речиси веднаш“.

Лицемерие или стратегија?

Аналитичарите на Си-Ен-Ен веднаш потсетија на иронијата: Трамп со години ја критикуваше Европа што купува енергенси од Русија, тврдејќи дека тоа ја финансира војната. Сега, тој ја користи американската воена и дипломатска моќ за да ја стави венецуелската нафта под своја контрола и да ја продава на истиот тој глобален пазар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Америка на нозе: Објавена снимката од убиството на Рене Гуд – агентот снимал и пукал истовремено!

Крвава сабота во 16 градови: Над 50 мртви во Иран, власта се заканува со смртни казни