
ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Оштетена влезната врата на бугарската Амбасада
МВР потврди дека е пријавено оштетување на објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Инцидентот бил забележан вчера попладне, по што веднаш биле активирани безбедносните протоколи и извршен е увид на местото на настанот.
Снимен од видео надзорот
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Според официјалните информации од МВР, офицерот за безбедност на Амбасадата преку камерите за видео надзор забележал оштетување на стаклото на влезната врата.
„Оштетувањето е извршено од засега непознато лице кое со удар со рака го скршило стаклото“, се вели во полициското соопштение.
Полицијата трага по сторителот
Екипи од Одделот за обезбедување на определени личности и објекти веднаш излегле на терен. Во моментов се прегледуваат снимките од сите околни камери за да се утврди идентитетот на лицето и мотивите за овој чин. Дали станува збор за вандализам или инцидент со политичка заднина, допрва ќе утврдува истрагата.


