во ,

Мисајловски: „Лично сум ЗА враќање на воениот рок, но касарните ни се претворени во општински објекти“

Вратите на АРМ се отвораат: Мисајловски најави 300 нови вработувања и „историско решение“ за војниците

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави нов бран на освежување на армиските редови. Оваа година ќе биде распишан конкурс за прием на 300 нови професионални војници, средства кои, според министерот, се веќе предвидени во буџетот за 2026 година.

„Историски чекор“: Како ќе се реши проблемот со 45-те години?

Супер Попуст -25%

Еден од најголемите проблеми на професионалните војници – неизвесноста по напуштањето на службата на 45 години – наскоро ќе биде минато. Мисајловски најави иницијатива за системско решение за овие лица да останат во Министерството.

„Заедно со Генералштабот подготвуваме историски чекор. Вчера Синдикатот се обиде да каже дека тоа е нивна идеја. Не, тоа доаѓа од Армијата и раководството, но ќе седнеме и со Синдикатот за да направиме одлично решение,“ дециден е Мисајловски, отфрлајќи го обидот на синдикалците да си ги припишат заслугите.

Одговор за платите: „Со додатоците, примањата се речиси удвоени“

Наспроти критиките од опозицијата и синдикатот дека платите стагнираат, министерот тврди дека примањата се на историски највисоко ниво. Тој појасни дека кога стапил на функција, додатоците кои им следувале на војниците не биле исплаќани, а сега состојбата е променета.

„Сега со сите додатоци што се исплаќаат, платата е речиси удвоена. Ова се историски најголеми примања во независноста. Некои поединци од одреден синдикат сакаат тоа да го искористат за политички поени,“ рече Мисајловски, алудирајќи на координираноста меѓу синдикалните пресови и политичките напади.

Враќање на воениот рок? „Лично сум ЗА, но требаат пари и касарни“

На прашањето за задолжителен воен рок, Мисајловски изрази лична поддршка за идејата, сметајќи дека тоа е корисно за младите. Сепак, тој предупреди дека тоа не е проект што може да се случи преку ноќ, бидејќи многу касарни во минатото им биле отстапени на општините и пренаменети, па потребни се сериозни анализи и финансии за обнова на капацитетите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Европа во шок: Трамп спремен да го жртвува НАТО за контрола врз ресурсите на Гренланд

„Талог на општеството“: Мицкоски ја нападна опозицијата дека шири хистерија против САД и Британија