
Граничниот премин Блаце денеска е претворен во паркинг за тешки товарни возила откако револтираните превозници го исполнија ветувањето и ги блокираа излезите од државата, парализирајќи го транспортот кон Европската Унија.
Ова е само почеток на најавената блокада која се шири низ целиот регион. Превозниците од Македонија, во координација со колегите од Србија, Црна Гора и БиХ, испратија јасна порака до Брисел: новите правила за влез и излез од Шенген-зоната се неиздржливи и значат крај за нивната професија.
„Ние не сме туристи, туку професионалци“
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Претседателката на „Макам-транс“, Биљана Муратовска, од лице место објасни дека блокадата ќе биде селективна само за итни пратки (лекови, муниција, добиток), додека сите други ќе чекаат. Таа потенцираше дека е апсурдно професионалните возачи да се третираат исто како туристите.
„Професионалниот возач не е ниту турист ниту мигрант. Тој работи во својата држава, а ЕУ сака да ни забрани да работиме. Имаме билатерални договори и дозволи, но сега ни велат дека и покрај дозволите, нема да можеме да возиме поради ограничените денови за престој“, изјави Муратовска.
Министерот Николоски со три решенија за спас
Поддршка за превозниците на терен даде и министерот за транспорт, Александар Николоски. Тој предупреди дека доколку не се најде решение, последиците ќе бидат катастрофални не само за македонската, туку и за европската економија. Николоски предложи три конкретни излези од кризата:
1. Одложување на примената на новиот електронски систем.
2. Зголемување на дозволениот престој во Шенген на најмалку 250 дена (наместо сегашните 180).
3. Професионалните возачи да бидат целосно изземени од правилата или да се регулираат со посебни работни визи, по примерот на Швајцарија.
Системот кој предизвика хаос започна постепено да се применува од октомври 2025, а целосната имплементација е закажана за април 2026 година, што за возачите значи „отчукување на часовникот“ до целосен колапс на секторот.


