во ,

Од денеска стартува „Безбеден град“, камерите казнуваат без предупредување

Од денеска камерите не предупредуваат – тие казнуваат, а „Безбеден град“ официјално стапува на сила во три големи града.

Системот за автоматско санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од денеска почнува со работа во Скопје, Куманово и Тетово, како и на патните правци од коридорите 8 и 10. Во првата фаза, камерите ќе регистрираат пречекорување на брзината, поминување на црвено светло, непрописно паркирање и управување возило со истечена сообраќајна дозвола.

Како ќе функционира системот

Супер Попуст -25%

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека целта на системот не е казнување по секоја цена, туку зголемување на безбедноста и спасување животи. Со нов правилник е воведена толеранција на брзината, за да се избегнат неправедни санкции и да се испрати јасна порака за дисциплина, а не репресија.

За ограничувања до 50 км/ч дозволено е пречекорување до 6 км/ч, за патишта со ограничување од 50 до 100 км/ч толеранцијата е 9 км/ч, а над 100 км/ч – 12 км/ч. Во овие рамки нема казна, туку информативна СМС-опомена од МВР.

Казни, забрани и строги правила

Казните се движат од 20 евра за помало пречекорување на брзината, до 400 и 500 евра со забрана за управување до една година за тешки прекршоци. Поминување на црвено светло се санкционира со 250 евра и одземање на дозволата, а ако има сообраќајна незгода – следи и кривична одговорност.

За возење со истечена сообраќајна дозвола, возачот плаќа 100 евра, а сопственикот на возилото 250 евра. Непрописното паркирање ќе чини од 30 до 50 евра, со посебно строги санкции за места наменети за лица со попреченост.

Половина казна ако платиш навреме

МВР потсетува дека казната платена во рок од осум дена се намалува за 50 проценти. Возачите кои ќе соберат три забрани за управување во рок од четири години автоматски ја губат возачката дозвола и повторно ќе можат да полагаат дури по една година пауза.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВНИ ХОРОСКОП ЗА 1. ФЕВРУАР: Ован треба да се опушти со пријателите, Стрелац има добра комуникација во куќите

Документ од САД ја крева прашината, тешко тврдење за закана кон обвинителка и девојче