
Од Дубаи до Скопје: Муцунски најавува „силно темпо“ и нови договори со ОАЕ.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, соопшти дека е заокружена „важна и успешна“ посета во Дубаи, со која, како што вели, се отвораат нови можности за продлабочување на политичката, економската и трговската соработка со Обединетите Арапски Емирати.
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Во објава на Фејсбук и видеоизјава, Муцунски нагласи дека е потпишан меморандум за разбирање со вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула. Според него, меморандумот се однесува на развој, модернизација и дигитализација на Владата и државната администрација.
Муцунски информираше и дека за време на посетата била реализирана средба со претседателот и владетел на ОАЕ, шеикот Махемед, а заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствариле и повеќе други средби, меѓу кои со претседателите на Естонија и Швајцарија, со претставници на меѓународни организации и со македонската дијаспора во ОАЕ.
Клучната порака: „резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните“
Според Муцунски, посетата потврдила дека постои реален потенцијал за засилување на соработката меѓу Македонија и ОАЕ во повеќе области. Тој порача дека институциите ќе продолжат со „силно темпо“ и јасен фокус на мерливи резултати, чии придобивки, како што истакна, треба да ги почувствуваат граѓаните.


