во ,

Мицкоски се откажа од новиот авион: Ќе летаме со стариот и ќе се молиме на Бога да останеме живи

Шокантен пресврт на Илинденска: Премиерот Христијан Мицкоски ја откажа набавката на нов државен воздухоплов и порача дека функционерите отсега ќе се молат да останат живи за да не се повтори кобната судбина на Борис Трајковски.

Одлуката за стопирање на процесот доаѓа по лавината критики од опозицијата, иако според премиерот, лидерот на СДСМ Венко Филипче на лидерска средба дал цврст збор дека нема да собираат политички поени на оваа тема. Стариот „Лирџет 60“, купен пред речиси две децении за 11 милиони евра, е во очајна состојба со чести и екстремно скапи дефекти.

Супер Попуст -25%

„Гледам дека не си стојат на зборот и ние ќе се повлечеме од таа набавка. Ќе се молиме да останеме живи, а доколку се урнеме и починеме, претпоставувам тогаш ќе им стане јасно“, изјави Мицкоски, откривајќи дека и самите пилоти стравувале и иницирале купување на нов авион.

Детална пресметка за спорните летови

Опозицијата изминатиов период жестоко обвинуваше дека премиерот летал на одмор на Јадранско Море на државна сметка. Мицкоски категорично ги отфрли овие тврдења, транспарентно објаснувајќи ги сите четири патувања. Тој потенцираше дека владиниот авион го користел исклучиво за неодложни државнички обврски до Будимпешта, Белград, Сплит и Тирана, при што патувал само со своето обезбедување и најблиските соработници, а не со семејството.

Траумата од 2004 година сè уште лебди

Политичката пресметка за државниот авион отвора болни рани во поновата македонска историја. Да потсетиме, токму поради дотрајана и небезбедна флота, во 2004 година Македонија го загуби претседателот Борис Трајковски. Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) речиси десет години алармира дека одржувањето на сегашниот авион е финансиска црна дупка и сериозен безбедносен ризик, но популизмот очигледно повторно го надвладеа здравиот разум.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Брутален напад на Стојаноска: Парите за минималецот се во хациендата на Филипче и во Дубаи

Променливо облачно со сончеви периоди и засилен ветер во Повардарието