
По студеното утро, денес следува променливо време со сончеви периоди и засилен ветер во одредени делови од земјата.
Утрото започна ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено ќе се засилува од југоисточен правец.
Во Скопје ќе преовладува променлива облачност со сончеви интервали. Се очекува умерен ветер од југоисточен правец.
Нов влажен бран носи врнежи од дожд и снег
Во текот на ноќта кон петок и во петок под влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Во западните делови се очекуваат пообилни врнежи до 25 l/m², а локално ќе има услови и за појава на грмежи.
Викендот постуден, од понеделник затоплување
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник се очекува стабилизација и сончево време со постепен пораст на дневната температура.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден







