
Шокантен пресврт во Вашингтон: Американскиот претседател Доналд Трамп одби да го прифати поразот од Врховниот суд и експресно воведе нова глобална царина од 10%, отворајќи нова епизода во немилосрдната трговска војна.
Само неколку часа откако највисокиот суд во САД пресуди дека претседателот ги пречекорил овластувањата повикувајќи се на закон за вонредни ситуации од 1977 година, Трамп возврати со силен удар. Тој не само што не се откажува, туку најави извршна наредба за нови давачки кои сериозно ќе ја потресат светската економија.
„Судиите немаа храброст за Америка“
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Видно разочаран од судската одлука која беше донесена со 6-3 гласови, Трамп упати остри критики кон правдата. Според него, судиите немале храброст да го направат она што е правилно за заштита на земјата од нефер трговски практики.
За да ја заобиколи судската блокада, тој активираше други законски механизми. „Денеска ќе потпишам извршна наредба за воведување глобална царина од 10 проценти според Член 122. Веднаш стапуваат во сила сите царини за национална безбедност“, нагласи Трамп, додавајќи дека почнуваат и нови масовни истраги против странски компании.
Часовникот отчукува: Конгресот има 150 дена
Овој лукав правен маневар му овозможува на Трамп привремено да ја спроведе својата агенда. Новите основни царини ќе важат точно 150 дена. Доколку сака овие радикални мерки да станат трајни и да продолжат понатаму, претседателот ќе мора да добие зелено светло од Конгресот, што најавува нова жестока политичка битка во главниот град.


