во ,

Монструм во Свети Николе: Ја претепал бремената девојка до бесвест и ја држел заклучена 15 часа

Стравотно злосторство ја потресе македонската јавност откако 21-годишник од Свети Николе брутално претепа и држеше во заробеништво својата бремена девојка.

Според шокантните детали од Основното јавно обвинителство, хоророт се одвивал во нивната семејна куќа. Настаните се случувале на 19 и 20 февруари. Насилникот крвнички ја удирал несреќната девојка со тупаници. Таа дури изгубила свест од силните удари.

Ја освестувал со ладна вода за да продолжи да ја тепа

Супер Попуст -25%

Монструозниот чин не завршил тука. Откако ја однел во бањата и ја освестил со ладна вода, продолжил со тортурата. Ја влечел за коса и ѕверски ја удирал по главата и телото.

Жртвата во паника се обидела да спаси жива глава. Тогаш тој ѝ го одзел мобилниот телефон. Ја заклучил во спалната соба и ја држел како заложник цели 15 часа спротивно на нејзината волја.

Обвинителството бара итен притвор

Поради тежината на ова грозоморно дело, обвинителот веднаш поднесе предлог за одредување мерка притвор. Во меѓувреме, истражните органи вршат дополнителни проверки. Постојат сериозни сомнежи за низа други злоупотреби кои девојката ги трпела во минатото.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спречена огромна трагедија во Кочани: Плинска боца се запали среде трговски центар

Жесток удар на Мицкоски врз Брисел: Македонија е жртва на класичен европски булинг и невидени уцени