во ,

ДРОНОВИ НАД ДУБАИ: Ирански напад во зоната Џебел Али, има повредени

Ирански напад ја потресе аеродромско-пристанишната зона Џебел Али во Дубаи, при што најмалку две лица се повредени

Чад се издигаше над еден од клучните инфраструктурни делови на емиратот откако беа регистрирани експлозии во близина на објект за кој странските медиуми наведуваат дека во последните недели бил поврзан со американско воено присуство. Локалните власти во Обединетите Арапски Емирати потврдија дека две лица се повредени кога крхотини од пресретнати дронови паднале во дворови на приватни куќи.

Противвоздушната одбрана реагирала

Супер Попуст -25%

Според официјалното соопштение, силните детонации што одекнале низ Дубаи биле резултат на успешна интервенција на противвоздушната одбрана, која пресретнала повеќе беспилотни летала. Властите наведуваат дека ситуацијата е под контрола, но безбедносните мерки се засилени.

Инцидентот се оценува како нов чекор во ескалацијата меѓу Иран и коалицијата предводена од САД, додека регионот на Заливот влегува во период на зголемена неизвесност и ризик од поширок судир.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТРАМП СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ИРАН: „Подобро да не возвраќате“

ЗАЛИВОТ ПОД ОГАН: Нови експлозии во Доха и Манама