во ,

ЗАЛИВОТ ПОД ОГАН: Нови експлозии во Доха и Манама

Силни експлозии повторно одекнаа низ државите од Персискиот Залив, додека регионот се соочува со нов бран тензии

Очевидци од главниот град на Катар, Доха, пријавија повеќе силни детонации во утринските часови. Според локални медиуми, биле регистрирани најмалку 11 експлозии, а над делови од градот се издигал чад.

Супер Попуст -25%

Во Манама, главниот град на Бахреин, исто така беа пријавени четири силни експлозии. На социјалните мрежи се појавија фотографии од оштетен хотел, но тие засега не се независно потврдени.

Американски бази повторно цел

Според достапните информации, Техеран повторно ги таргетирал американските воени позиции во регионот како одговор на претходните напади. Во арапските држави од Заливот се распоредени илјадници американски војници, што ја прави безбедносната состојба дополнително чувствителна.

Ескалацијата продолжува да го држи целиот регион во состојба на неизвесност, додека дипломатските напори за деескалација сè уште не даваат конкретни резултати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДРОНОВИ НАД ДУБАИ: Ирански напад во зоната Џебел Али, има повредени

ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА ВО ТЕХЕРАН: Како беше елиминиран Хамнеи