
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија формираше кризен штаб поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток
Кризниот штаб функционира 24 часа и има задача континуирано да ја следи состојбата, како и да ги координира сите активности поврзани со македонските државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја. Според официјалните информации, во тек е зголемување на бројот на наши граѓани кои пријавуваат дека се затечени во регионот.
Подготовки за евентуална евакуација
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби се во постојана комуникација со пријавените лица. Со сите се одржува директен контакт и се преземаат подготвителни активности за можна асистенција и безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата.
Од Министерството повторно апелираат македонските државјани во регионот строго да ги почитуваат упатствата на локалните безбедносни органи.
Контакти за помош:
СОС телефон (МНРНТ): 075/273-732
Амбасада во Доха: +974 50 173 111
Амбасада во Абу Даби: +971 56 441 7532
Амбасада во Тел Авив: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546


