
Иранската Исламска револуционерна гарда подготвува терен за страотен воен напад на европско тло. Овој пат на мета е соседна Албанија, каде што се наоѓа главниот штаб на иранската опозициска група МЕК. Безбедносните експерти алармираат дека Блискиот Исток веќе не е единственото боиште. Техеран отворено се заканува дека ќе го срамни со земја комплексот Ашраф-3, сместен во близина на Тирана. Оваа шокантна најава доаѓа по неодамнешните ирански удари врз цели на Кипар, што јасно покажува дека режимот ги проширува своите операции далеку од сопствените граници.
Албанија молчи пред сериозната воена закана
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Заканата беше официјално објавена преку каналите на Телеграм поврзани со иранската гарда. Тие го посочуваат кампот во селото Манза како центар на непријателски активности кој мора да биде уништен. Во овој строго обезбедуван комплекс живеат околу 3.000 членови на иранската опозиција. Официјална Тирана засега молчи и нема никаква реакција за овие застрашувачки најави. Аналитичарите предупредуваат дека евентуален напад би значел директна ескалација и отворање ново безбедносно поглавје во Европа.
Контроверзното минато на групата МЕК
Организацијата МЕК има исклучително бурно и крваво минато. Таа е основана во 1965 година и со децении води отворен конфликт со исламската власт во Техеран. Во текот на осумдесетите години, тие дејствуваа од Ирак со силна поддршка од режимот на Садам Хусеин. Соединетите Американски Држави дури ги чуваа на листата на терористи сè до 2012 година. Нивната масовна преселба во Албанија се случи пред повеќе од една деценија, со директна помош од Вашингтон и Обединетите нации.


