во ,

Стара балканска штрудла со рогач повторно ги освојува кујните


Штрудлата со рогач е стар десерт кој многумина денес го заборавиле, иако некогаш била редовен гостин на трпезите низ Балканот. Пред макот и оревите да станат најпопуларен фил за штрудли, токму рогачот бил главната состојка што им давала на колачите богат вкус и препознатлива арома.

Овој десерт има посебна домашна топлина. Мекото тесто и темниот мирисен фил создаваат комбинација која лесно се памети и уште полесно се повторува во кујната.

Состојки за тестото и филот

Супер Попуст -25%

За подготовка на штрудлата потребни се неколку едноставни состојки што речиси секогаш ги има во кујната.

За тестото:
500 г брашно
250 мл млеко
80 г шеќер
1 кесичка сув квасец
2 жолчки
80 г путер
малку сол

За филот:
300 г мелен рогач
120 г шеќер
150 мл млеко
1 кесичка ванилин шеќер
суво грозје по желба

Дополнително е потребно малку млеко за премачкување пред печење.

Начин на подготовка

Квасецот најпрво се активира во топло млеко со лажица шеќер и се остава неколку минути додека да запени. Потоа се додава брашното, жолчките, омекнатиот путер, остатокот од шеќерот и малку сол. Се замесува меко и еластично тесто кое треба да одмори околу 40 минути додека да нарасне.

Во меѓувреме се подготвува филот. Во тенџере се загрева млекото со шеќерот и ванилиниот шеќер. Кога ќе се стопи шеќерот се додава мелен рогач и по желба суво грозје. Филот се меша додека не стане густ и потоа се остава малку да се излади.

Нараснатото тесто се развлекува во правоаголна форма. Се премачкува со филот и внимателно се витка во ролат. Штрудлата се става во плех обложен со хартија за печење и се остава уште 15 минути да одмори.

Пред печење се премачкува со млеко и се пече околу 25 минути на 180°C додека не добие убава златна боја.

Резултатот е мек колач со богат вкус кој потсетува на старите домашни рецепти и на десертите што ги подготвувале нашите баби.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НАТО ја засили ракетната одбрана по иранскиот напад

Температури до 18 степени го најавуваат пролетниот бран