во ,

Енергетски земјотрес: ЕСМ поднесе жалба за мазутот во ТЕЦ Неготино, на потег е Вишото обвинителство!

Државниот енергетски гигант покрена правна офанзива против обвинителската одлука да се затвори мега-случајот тежок 167 милиони евра.

Енергетскиот скандал околу набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино добива нова правна разврска. Државната компанија АД ЕСМ денеска официјално поднесе приговор до Вишото јавно обвинителство и барање за контрола до Републичкото јавно обвинителство, откако обвинителката Катерина Коларевиќ од ОЈО ГОКК донесе одлука да ја запре истрагата за овој случај тежок 167 милиони евра.

Супер Попуст -25%

Од ЕСМ реагираат дека истрагата е прекината врз основа на процедурални пропусти и погрешна евалуација на доказите:

  • Злоупотреба на искази: Компанијата тврди дека обвинителката ги искривила исказите на инженерите. Тие биле повикани во Обвинителството исклучиво за технички појаснувања, а не за да даваат компетентни изјави за финансиска штета.
  • Игнорирање на оштетената страна: На АД ЕСМ, како директно оштетена страна, никогаш во текот на постапката не ѝ биле доставени економско-финансиските вештачења за официјално да се произнесе по нив въз основа на свои прецизни анализи.
  • Повреда на постапката: Клучните вешти наоди и мислења од Обвинителството биле доставени до компанијата дури откако била донесена официјалната наредба за запирање на истрагата.

Главниот аргумент на обвинителката Коларевиќ за прекин на кривичната постапка беше тврдењето дека АД ЕСМ во ниту еден момент не пријавило материјална штета за спорната набавка, што компанијата сега остро го демантира.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Остар одговор од Брисел: Руте ги нарече бесмислени обвинувањата на Москва за балтичките земји!

Рекорд на Балканот: Европската комисија додели 65,7 милиони евра за Македонија!