
Колку пати наутро, речиси автоматски, прво сте ја облекле долната облека, па дури потоа чорапите и панталоните, без воопшто да размислите дека во таа рутина можеби правите нешто погрешно? Делува банално, но британски лекар тврди дека токму во оваа секојдневна навика се крие грешка која потенцијално влијае на вашето здравје. Ова тврдење предизвика огромно внимание на социјалните мрежи бидејќи ги тера луѓето да ја гледаат својата утринска рутина со сосема други очи.
Што всушност тврди докторот?
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Британскиот лекар и експерт за нега на кожа, д-р Семјуел Чаудури, предупредува на една навидум ситна, но потенцијално непријатна навика. Според него, кај голем број луѓе постои образец на облекување во кој прво се навлекува долната облека, па потоа чорапите. Ова во одредени случаи може да го зголеми ризикот од пренос на габични инфекции, како атлетско стапало, од стапалата на други, почувствителни делови од телото. Ако имате габична инфекција на стапалата, при облекувањето на долната облека постои теоретска можност за директен пренос на микроорганизмите преку ткаенината.
Едноставен совет за спречување на проблемот
Решението што тој го предлага е неочекувано едноставно – наместо прво да ја облекувате долната облека, советува најпрво да ги облечете чорапите. На овој начин се намалува директниот контакт на потенцијално контаминираните површини со чувствителните делови од кожата. Покрај ова, лекарот ги нагласува и основните хигиенски навики кои често се занемаруваат. Редовното миење на стапалата, темелното сушење и честата замена на чорапите се клучни за спречување на упорните габични инфекции кои можат да опстанат на текстилот.


