
Американскиот претседател истовремено објави дека повторно се воспоставува поморската блокада на иранските пристаништа и бродови. Потегот доаѓа во момент кога Вашингтон и Техеран водат отворена битка за влијание врз еден од најважните светски поморски премини.
Трамп бара 20 проценти за „заштита“
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Трамп порача дека Ормускиот Теснец ќе остане отворен со или без согласност на Иран. Според неговата најава, земјите што го користат преминот треба да им платат на САД за трошоците за воената и поморската заштита.
Тој тврди дека Вашингтон троши огромни средства за обезбедување на регионот и дека треба да добие надомест. Засега не е објаснето како точно би се проценувала вредноста на товарот, кој би ја собирал сумата и врз која правна основа би се спроведувала наплатата.

Иран ја прифати логиката, но не и цената
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи иронично возврати дека оној што овозможува безбеден премин на комерцијалните бродови треба да биде компензиран.
Сепак, тој ја оцени американската стапка од 20 проценти како превисока и порача дека Иран би бил „пофер“. Техеран не објави конкретна тарифа, но повтори дека се смета за заштитник на Ормускиот Теснец.
Прашањето е кој навистина го контролира Теснецот
Со најавата за наплата, Вашингтон практично влегува во истата расправа што ја водеше со Техеран: дали воената контрола и обезбедувањето на пловидбата даваат право да се бараат пари од комерцијалните бродови.
САД тврдат дека ќе обезбедат слободен премин за сите земји освен за иранските бродови и пристаништа. Иран, пак, одбива да прифати американско управување со водниот пат и инсистира дека има клучна улога во неговата безбедност.

ОН: Нема правна основа за патарина
Меѓународната поморска организација на Обединетите нации порача дека преминот низ Ормускиот Теснец треба да биде слободен од патарини, надоместоци и дискриминаторски услови.
Организацијата нагласува дека теснеците што се користат за меѓународна пловидба не смеат да бидат затворани и дека не постои правна основа која ѝ дозволува на која било држава еднострано да воведе задолжителна наплата за премин.


