
Нова ноќ на напади со беспилотни летала донесе пожари, повредени и прекини на електричната енергија во јужна Русија и на окупираниот Крим. Логистички центри во Краснодар и Невиномиск беа зафатени од пламен, додека од повеќе кримски градови пристигнаа извештаи за проблеми со снабдувањето со струја.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Руските власти ги припишуваат нападите на Украина, но Киев досега официјално не презеде одговорност за ударите изведени во текот на ноќта меѓу 21 и 22 јули 2026 година.
Логистички центар во Краснодар во пламен
Во Краснодар беше погоден логистички комплекс на рускиот трговски гигант „Вајлдберис“. Голем пожар избувнал во магацинскиот простор, а над градот се издигнал густ столб од црн чад.
Градоначалникот Евгениј Наумов првично соопшти дека три лица биле повредени и пренесени во болница. Подоцна, гувернерот на Краснодарскиот крај, Вениамин Кондратјев, изјави дека бројот на повредените во комплексот се зголемил на десет.
Во гаснењето на пожарот биле вклучени повеќе од 100 пожарникари и спасувачи, а властите најавија и употреба на хеликоптер. Остатоци од дронови оштетиле балкони и прозорци на две станбени згради, но во становите немало повредени.
Во блискиот град Армавир, според руските локални власти, еден работник загинал откако делови од соборен дрон паднале врз индустриски објект.
Five out of top ten now, with reports of another Wildberries warehouse on fire in Nevinnomysk in southern Russia. https://t.co/DXqkuaUxmF pic.twitter.com/UtEj8h0SQb
— Yaroslav Trofimov (@yarotrof) July 22, 2026
Уште еден магацин погоден во Невиномиск
Голем пожар избувнал и во логистички комплекс на „Вајлдберис“ во Невиномиск, во Ставрополскиот крај. Гувернерот Владимир Владимиров соопшти дека пет лица побарале медицинска помош по нападот.
Пожарникарските и другите служби за итни случаи биле испратени на периферијата на градот, каде што огнот го зафатил магацинскиот комплекс. Компанијата потврди дека нејзини објекти во Краснодар и Невиномиск биле нападнати, но не ја соопшти вкупната материјална штета.
Прекини на струјата во Јалта и Алушта
Истовремено, локални канали за следење на војната објавија дека беспилотни летала погодиле електроенергетски објекти на окупираниот Крим. Пожар бил пријавен во трафостаница во реонот на Јалта и Масандра, по што дел од потрошувачите останале без електрична енергија.
Прекини на струјата биле пријавени и во Алушта. Овие информации главно потекнуваат од локални и проукраински канали на „Телеграм“ и не се целосно потврдени од независни извори или од руските власти на полуостровот.
IT'S MARSHMALLOW TIME FELLAS! 🔥
Krasnodar, Russia, Wildberries logistics hub 📍 pic.twitter.com/fwCmu51kS5
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) July 22, 2026
„Вајлдберис“ повторно на удар
Ова е нов напад врз логистичката мрежа на „Вајлдберис“ по ударите од 18 јули, кога беа погодени магацини во Котовск и Електростал. Во тие напади загинаа осум работници, а повеќе од 70 лица беа повредени.
Украинските власти претходно тврдеа дека дел од погодените логистички центри се користеле за снабдување со компоненти за беспилотни летала и навигациска опрема. Кремљ и раководството на компанијата ги отфрлија обвинувањата дека „Вајлдберис“ е вклучен во снабдувањето на руската војска.


