
На граничниот премин „Богородица“ за излез од Македонија се чека околу 20 минути поради зголемена фреквенција на возила, информира АМСМ.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Зголемен сообраќај надвор од градовите
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на возила на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ им препорачува на возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Внимание поради можни одрони
Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.
Предупредувањето особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


