
Бизнисменот Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“ и обвинет во случајот за јавните набавки во РЕК Битола, ја напуштил Македонија преку граничниот премин „Табановце“, објави порталот „360 степени“.
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Марковски претходно го добил назад пасошот од Основниот суд во Струга, откако понудил гаранција вредна повеќе од пет милиони евра.
Немал активна забрана за напуштање на државата
Според објавените информации, на Марковски му било дозволено да ја премине границата бидејќи во моментот немал активна мерка што би го спречила да ја напушти земјата.
Тој поседува компании и имот во Србија, а според „360 степени“, Македонија ја напуштил преку северната граница.
Обвинет во случај тежок над 1,7 милиони евра
Марковски е еден од деветтемина обвинети во судскиот предмет поврзан со наводни злоупотреби при јавни набавки за РЕК Битола.
Случајот се однесува на тендер вреден повеќе од 1,7 милиони евра за дислокација на погонски станици од рудникот Осломеј во рудниците на РЕК Битола.
Покрај Марковски, обвинети се петмина вработени во РЕК Битола и двајца вработени во „Марковски компани“. За предметот во тек е судска постапка, а вината треба да биде утврдена со правосилна судска одлука.
Борче Марковски е и почесен конзул на Белорусија во Македонија.
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден








