во ,

Зеленски за првпат во Белград: три клучни теми со Вучиќ

Володимир Зеленски за првпат престојува во Белград во официјална посета, а средбата со Александар Вучиќ ќе биде фокусирана на економијата, европскиот пат и безбедносните прашања.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски престојува во Белград, каде денеска ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Супер Попуст -25%

Двајцата лидери разговарале во повеќе наврати во изминатите години, но ова е прва официјална посета на украински претседател на Србија по неколку години.

Зеленски пристигна во Белград

Зеленски вчера околу 18 часот пристигнал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде го пречекала министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

По пристигнувањето порача дека Украина е „секогаш подготвена за конструктивна соработка“.

Три клучни теми на разговорите

Украинскиот претседател најави разговори со Вучиќ и со српскиот премиер Ѓуро Мацут.

„Ќе разговараме за проширување на економските врски меѓу нашите земји, односите со Европската Унија, други области кои можат да им користат на нашите народи и за безбедносни прашања“, изјави Зеленски.

Вучиќ претходно посочи дека меѓу главните теми ќе бидат европскиот пат на Србија и Украина, билатералната економска соработка и енергетиката.

Свечен пречек и средба на делегациите

Свечениот пречек пред Палатата „Србија“ е предвиден за 10:30 часот, по што ќе следува разговор меѓу Вучиќ и Зеленски.

Потоа е планиран и состанок на делегациите на двете земји.

Ќе биде потпишан и меморандум

Во 12 часот е предвидено потпишување меморандум за соработка во областа на здравјето на животните и безбедноста на храната.

По потпишувањето, двајцата претседатели треба да дадат изјави за медиумите.

Србија не ја менува политиката кон Русија

Вучиќ нагласи дека посетата на Зеленски нема да значи промена на досегашната политика на Србија во однос на санкциите кон Русија.

„Србија ја утврди својата политика пред четири и пол, речиси пет години, ги изнесе своите ставови кои во претходниот период не ги менуваше и така ќе остане до натамошно“, изјави Вучиќ.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Американците најавуваат пресврт: договорот за Ормускиот Теснец сè поблиску

Од „одлив на мозоци“ до пресврт: 473.000 Грци се вратија дома