во ,

Нафтата над 84 долари: Новите услови на Иран ја кренаа неизвесноста

Нафтата повторно поскапува, а Ормускиот Теснец останува во центарот на вниманието. Новите услови од Техеран ја зголемија неизвесноста на глобалниот енергетски пазар.

Цените на нафтата денеска тргнаа нагоре поради зголемената загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат, откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормускиот Теснец.

Супер Попуст -25%

„Брент“ поскапе за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американскиот ВТИ порасна за 0,84 отсто и достигна 78,84 долари.

Иран поставува услови за Ормускиот Теснец

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Техеран нема да го отвори стратешкиот поморски пат додека Вашингтон не ги исполни поставените барања.

Меѓу нив се ублажување на санкциите и исплата на воени репарации. Арагчи нагласи и дека во моментов нема директни разговори меѓу Иран и САД, и покрај тврдењата од Вашингтон дека договорот е блиску.

„Теснецот и понатаму е практично затворен“

„Ормускиот Теснец и понатаму е практично затворен“, соопшти „Вестпак“, додавајќи дека неизвесноста останува висока додека конфликтот меѓу Иран и САД влегува во шестиот месец.

Ормускиот Теснец е една од најважните точки за светскиот транспорт на енергенси, па секоја неизвесност околу неговото функционирање веднаш се одразува врз цените на нафтата.

Азиските берзи сепак во плус

И покрај нестабилноста на енергетскиот пазар, главните азиски берзански индекси забележаа раст.

Јапонскиот „Никеи 225“ порасна за 2,1 отсто, јужнокорејскиот „Коспи“ за 0,7 отсто, додека хонконшкиот „Ханг Сенг“ бележи раст од 0,6 отсто.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пентагон притиска за забрзано производство: Американските резерви на оружје се намалуваат

СДСМ обвинува: На државната прослава го погрешиле македонското знаме