
Во своето гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ги изнесе цврстите позиции на новата Влада. Тој нагласи дека за државата се суштински важни две работи за да продолжат преговорите за влез во Европската Унија.
Гаранции и одложена примена
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Првиот услов, според Муцунски, е добивањето на јасни гаранции. Овие гаранции треба да се преточат во македонскиот правен систем преку уставни измени со одложена примена, или пак да бидат цврсто гарантирани од самите европски институции. Без ваков чекор, државата одбива да прави отстапки кои водат кон неизвесност.
„Кога Бугарија очекува од нас бугарското малцинство да го внесеме во нашиот Устав, најмалку што може да направи е да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права во делот на почитувањето на основните човекови права на Македонците коишто живеат на територија на Бугарија“, порача Муцунски.
Реципроцитет и одржливо решение
Вториот клучен момент е концептот на меѓународно-правен реципроцитет. Муцунски е дециден дека сегашното решение, кое претходната Влада за жал го прифатила, е целосно неодржливо. Според него, ваквиот пристап само ќе создаде дополнителна криза во македонските евроинтеграции.
Целта на Владата е да се најде рационално и одржливо решение кое нема да ја стави Македонија во истата блокирана позиција за неколку недели или месеци. За актуелната власт нема никаква дилема дека досегашното понудено решение на масата е апсолутно неприфатливо во овој момент.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден








