
Според соопштението на СДСМ, државата се наоѓа во сериозна здравствена криза. Тие посочуваат дека граѓаните во над 50 населени места се соочуваат со труење од небезбедна вода и загадени реки, а како дополнителен проблем се појавува и епидемијата на западнонилска треска.
Министрите си ги помешаа улогите
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Од партијата иронично забележуваат дека премиерот Христијан Мицкоски е на „екскурзија“, додека неговите министри преземаат туѓи обврски. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно беше задолжен за хиперхлорирање на водата и чистење на цевките во Гостивар. Од друга страна, сега министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, се занимава со полициски работи.
„Муцунски кажува колку луѓе биле повикани на разговор во полиција за шпекулациите и лажните информации за водата во Скопје. Па каде е Тошковски? Работи ли нешто? Да не е и тој на екскурзија? Во ВМРО-ДПМНЕ сите се занимаваат со туѓа работа, само не со својата,“ прашуваат од СДСМ.
„Тотален институционален распад“
Опозицијата обвинува дека граѓаните ја губат довербата бидејќи гледаат дека системот не функционира, а нивното здравје е ставено под огромен ризик. СДСМ тврди дека Владата доцни со реакциите и свесно крие информации од народот, што доведува до ескалација на состојбите. Според нив, неспособната Влада на Мицкоски не може да ги извршува ниту основните функции, дозволувајќи целосен институционален распад за кој сметката ја плаќаат обичните граѓани.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








