
Пожарот избувнал околу 14 часот по локално време и со голема брзина се проширил низ регионот. Преку бројот за итни случаи 112 биле испратени дури четири предупредувања до граѓаните, како и три експресни наредби за итна евакуација на Сивири и Фурка. Оние кои не успеале да го напуштат местото по копнен пат, се префрлаат на безбедна локација во Сани директно од плажата.
Масовна акција по морски пат
Во акцијата за спасување учествуваат патролни бродови и чамци од крајбрежната и противпожарната служба на Грција, најмалку девет приватни пловни објекти, а кон критичната точка се упатуваат и дополнителен патролен чамец и голем траект. Според неофицијалните податоци, досега се евакуирани над 250 лица, а слични активности се водат и на плажата во Фурка.
„Станува збор за исклучително тежок и голем пожар. Сите сили од земјата и воздухот се на терен за да ја стават огнената стихија под контрола,“ изјави заменик-портпаролот на противпожарната служба, Јанис Артопиос, потврдувајќи дека повредени се двајца пожарникари, додека меѓу граѓаните нема повредени.
Хитна мобилизација на противпожарните сили
Борбата со огнот се води од копно и воздух со засилени екипи. Интервенираат 148 пожарникари со 54 возила, вклучувајќи и специјален тим од Молдавија, додека од воздух дејствуваат девет авиони и три хеликоптери. Дополнителни засилувања во возила и персонал пристигнуваат со авион од Атина и од неколку други грчки градови.
За сите евакуирани лица, Министерството за климатска криза и цивилна заштита отвори специјална дигитална платформа во соработка со Грчката хотелска комора за нивно привремено сместување. Поширокиот регион на Халкидики денеска е ставен во четвртиот степен на опасност од избувнување пожари, а медицинските екипи се во зголемена готовност за итни интервенции.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден







