
Острите обвинувања ги изнесе рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој потенцираше дека Москва веќе побарала официјални одговори од Вашингтон за нивната улога во ескалацијата на конфликтот.
Барање одговори од Стејт Департментот
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Според шефот на руската дипломатија, американската вмешаност ги надминува досегашните граници, поради што руската страна официјално реагирала.
„До Стејт Департментот упативме низа прашања, вклучително и за разузнавачките информации и фактот дека САД се многу вклучени во подготовката и изведувањето на напади врз цивилни цели длабоко на руската територија. Го очекуваме одговорот,“ изјави Лавров за руската државна телевизија.
Тој, исто така, додаде дека рускиот претседател Владимир Путин останува отворен за дијалог и е подготвен да прими американски претставници доколку тие повторно дојдат во Русија, но нагласи дека клучно е „прашањето што ќе донесат со себе“.
Посилни удари врз западното оружје
Мировните преговори меѓу Русија и Украина се во целосен застој уште од февруари, период кога, според наводите, вниманието на САД делумно се пренасочило кон конфликтот во Иран. Во меѓувреме, Лавров најави заострување на воената тактика на теренот.
„Нашите методи ќе бидат многу посилни за да спречиме сè што од Запад го зајакнува воениот механизам на Киев. И подготвени сме да го направиме тоа,“ дециден беше Лавров, најавувајќи засилени руски напори за целосно уништување на западните пратки со оружје наменети за Украина.


