во

НАЈБРЗАТА ПУДИНГ ТОРТА ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ: Не се пече, а изгледа како ремек-дело од слаткарница!

Ако ви се јаде нешто благо, а немате ниту време ниту волја да поминувате часови во кујната, оваа торта со банани, пудинг и бисквити е вистинското решение. Припремата трае само петнаесетина минути, нема печење и комплицирани филови, а изгледа како ремек-дело на славните слаткари.

Потребни ви се само неколку лесно достапни состојки, а десертот можете да го подготвите однапред и да го оставите во ладилникот добро да се стегне. Комбинацијата од чоколаден пудинг, свежи банани и петит бисквити му дава добро познат, домашен вкус, додека чоколадната глазура дава совршен завршен печат.

Потребни состојки:

  • 2 ќесички инстант пудинг од чоколадо (без варење)
  • 1 литар млеко
  • 400 г петит бисквити
  • 4-5 банани (во зависност од големината)
  • Сок од портокал (за натопување на бисквитите)
  • 200 г чоколадо за готвење
  • 150 г слатка павлака

Брза и лесна подготовка

Супер Попуст -25%

Најпрво подгответе го пудингот од чоколадо според упатството на пакувањето (користејќи го млекото). Откако ќе го изматите, оставете го неколку минути на страна малку да се излади. Петит бисквитите кратко потопувајте ги во сокот од портокал, водејќи сметка да не ги натопите премногу за да не ја изгубат цврстината. Редете ги на дното од калапот за да го направите првиот слој.

Преку бисквитите рамномерно распоредете дел од чоколадниот пудинг, а потоа наредете ги бананите исечени на тркалца. Продолжете да ги редите слоевите по истиот редослед – бисквити, пудинг и банани – сè додека не ги потрошите состојките. Завршниот слој треба да биде од пудинг.

Чоколадна глазура за крај

„Чоколадото за готвење искршете го на помали парчиња и растопете го на пареа. Кога целосно ќе се стопи, додадете ја слатката павлака и мешајте додека не добиете мазна и изедначена смеса.“

Приготвената чоколадна глазура прелијте ја преку тортата и рамномерно распоредете ја по површината. Тортата ставете ја во ладилник најмалку два часа за слоевите добро да се стегнат и вкусовите да се соединат. Пред послужување, најдобро е да биде добро изладена, бидејќи така полесно ќе се сече и ќе има совршена кремаста текстура.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: Мексиканска мусака со тортиљи – сочен ручек кој се топи во уста!

РЕЧЕНИЦАТА ШТО СЕКОЈ РОДИТЕЛ ТРЕБА ДА ЈА ЗНАЕ: Што му порача Алберт Ајнштајн на својот син пред речиси еден век?