во

НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА ОД ЗООЛОШКАТА ВО БУДИМПЕШТА: Врана се давеше, а потоа дојде мечката и ги изненади сите! (ВИДЕО)

Една неверојатна снимка прикажува необична сцена од животинскиот свет – мечка која ѝ помага на врана во неволја, а целиот настан го забележала камера на посетител во Зоолошката градина во Будимпешта.

Откако ја извлекол птицата од водата, крзнениот грабливец сосема мирно се вратил на својот оброк, пренесува порталот „Yahoo“. Ова несекојдневно видео за кратко време стана вистински хит на интернет.

„Се надевам дека ќе преживееш“

Супер Попуст -25%

На почетокот од видеото во преден план се гледа мечка која ужива во својата храна, додека враната очајнички се бори за воздух во водата во нејзина непосредна близина. Мечката полека ѝ приоѓа на птицата и кога се чинеше дека за неа нема спас – со устата ја извлекува на суво и ја остава да закрепне.

Дивото животно потоа се вратило на својот ручек, како апсолутно ништо да не се случило. Одушевените гледачи веднаш почнаа да ја коментираат оваа необична сцена на социјалните мрежи.

„Се надевам дека ќе преживееш. Со среќа! Направив сè што можев. Мљац, мљац, мљац,“ на шеговит начин го прераскажал „размислувањето“ на мечката еден корисник на интернет.

„Враните не забораваат“

Друг корисник пак напишал дека враната еден ден сигурно би можела да ја „возврати услугата“.

„Враните се многу паметни птици и не забораваат. Мечката веројатно ќе добие некои сјајни работи како подарок. Можеби дури и од потомците на таа врана,“ додал тој.

Сепак, имало и такви кои имале сосема поинакво гледање на ситуацијата, сметајќи дека мечката всушност мислела дека пред себе има риба, па изгубила интерес кога сфатила дека устата ѝ е полна со пердуви. Иако снимката не може да открие што навистина ѝ поминало низ глава на мечката, глетката поради својот необичен исход привлече огромно внимание ширум светот.

Bear saves a crow from drowning
byu/bw541 inAnimalsBeingGeniuses

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

РУШЕЛЕ СТАРА ЗГРАДА, ПА ПРОНАШЛЕ БЛАГО ВРЕДНО 9 МИЛИОНИ ЕВРА: Полицијата го огради просторот, влезот е строго забранет!

РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ ВО НАУКАТА: Човечките мозочни клетки се многу помоќни отколку што се мислеше!