во

ДРАМА НА ТЕРЕНОТ: Ѓоковиќ падна на колена од немоќ, медицинскиот тајм-аут не го спречи поразот во Синсинати.

По тригодишна пауза, Новак Ѓоковиќ не успеа да направи подолг настап на Мастерсот во Синсинати. Српскиот тенисер беше неочекувано елиминиран уште на својот прв меч, откако во второто коло загуби од Аргентинецот Тијаго Аугустин Тиранте со 1:2 во сетови.

Ѓоковиќ одлично го започна дуелот и рутински го освои првиот сет, но потоа почна сериозно да се соочува со здравствени проблеми. Во вториот сет тој побара медицинска помош, а во еден момент дури падна на колена, очигледно немоќен да продолжи со истото темпо.

Хроничен проблем со високата влажност

Супер Попуст -25%

По неочекуваниот пораз, Ѓоковиќ отворено проговори за состојбата и откри дека проблемот не бил поврзан само со конкретните услови на овој меч во Синсинати, туку дека слични тешкотии го следат веќе подолг период.

„Искрено, ова воопшто не беше пријатен натпревар за мене. Не е првпат, претпоставувам дека нема да биде ни последен. Тоа е здравствен проблем што го имам. Ме мачи веќе неколку години, особено кога влажноста и температурите се високи“, изјави Ѓоковиќ.

Тој додаде дека на неговата влошена состојба влијаат и други фактори, меѓу кои нервозата и огромниот напор што го носи самото натпреварување. За време на мечот, температурата во Синсинати изнесувала околу 28 степени, но била проследена со екстремно висока влажност на воздухот.

По елиминацијата, српскиот ас навести дека постои голема можност следната година воопшто да не настапи на овој престижен турнир.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ: На Богородица се чека околу еден час, на Табановце 30 минути!

МЕСИ ВО КРИЗА: Трет промашен пенал по ред, Интер Мајами доживеа дебакл од Нешвил!