
Според најновите метеоролошки информации, локалните процеси на дестабилизација може да бидат доста интензивни. Метеоролозите предупредуваат дека на одредени места невремето ќе биде проследено со засилен до силен ветер и потенцијална појава на град. Што се однесува до температурите, минималните ќе се движат во интервал од 15 до 21 степен, додека максималните дневни ќе достигнат пеколни 32 до 38 степени.
Услови за невреме и во главниот град
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Слична временска слика се очекува и во главниот град. Во Скопје претпладнето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, но во вечерните часови во одредени делови од котлината ќе се создадат услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се искачи до максимални 38 степени, по минималните 20 степени во утринските часови.
„По нестабилниот ден, метеоролозите најавуваат стабилизација. До крајот на работната седмица се очекува да се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.“


