
Според официјалните информации на ЦУК, противпожарните екипи успеале целосно да изгаснат 25 жаришта низ републиката, додека еден голем пожар е успешно ставен под контрола. Пожарот кај кичевското село Тајмиште, на месноста Дарда каде што гореше високостеблеста букова шума, е локализиран и повеќе не претставува директна закана за ширење.
Три активни жаришта во моментов
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Огнената стихија и понатаму е активна на три критични локации каде што горат шумски површини. Најсложена е состојбата на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, поточно на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале. Активен пожар во мешана шума има и во гостиварското село Трново, додека над селото Нежилово во Општина Чашка гори смрека.
„Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 25 пожари низ повеќе општини. При овие пожари гореше ниска вегетација, стрништа, шумски површини, а во одделни случаи беа зафатени објекти, ѓубре и слама.“
Успешно изгаснати 25 пожари
Противпожарните екипи имале полни раце работа интервенирајќи на различни локации ширум државата. Целосно се ликвидирани пожарите во Струмица, Василево, Делчево, Куманово, Гостивар, како и во скопските општини Сарај, Чаир, Студеничани и Арачиново. Надлежните институции континуирано апелираат на крајна внимателност поради сувата вегетација која го олеснува брзото ширење на огнот.


