во

СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО ВРЕМЕ: Жива термиката до 37 степени, попладне можни локални поројни дождови и грмежи!

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, но УХМР предупредува на нестабилност во попладневните часови, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според синоптичките прогнози, утринските температури ќе се движат во интервал од 13 до 20 степени, додека максималните дневни вредности насекаде ќе бидат високи и ќе достигнуваат од 31 до 37 степени. Во Скопје исто така ќе преовладува сончево и топло време, со услови во делови од котлината попладне да се појават локални грмежи и пороен дожд проследен со слаб до умерен ветер.

Прогноза за наредниот период

Супер Попуст -25%

Во следните денови се очекува стабилен продолжеток со сончево и топло време, но со карактеристични попладневни развои на облачност. Локални и изолирани појави на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи ќе бидат можни и во наредниот период, особено во планинските и одделни котлински подрачја.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТАЖНА ВЕСТ ЗА СВЕТСКАТА МУЗИКА: Почина легендарната кралица на кантри музиката, Доли Партон!

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 26 АВГУСТ: На Стрелецот нешто му смрди, Лавот игра на сигурно, а на Водолијата ќе ѝ дувне ветер во грб