
Одбележувањето започнува со полагање цвеќе пред спомен-плочата на местото каде што се наоѓала нејзината родна куќа на поранешната улица „Поп Кочина“ бр. 14, на просторот на денешниот плоштад „Македонија“. Владината делегација ја предводи првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, кој ќе има и официјално обраќање пред медиумите.
Централна манифестација и присуство на високи гости
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Централната манифестација се одржува во Музејот на современата уметност под покровителство на министерот Сали, а на настанот свое присуство најави и премиерот на Косово, Албин Курти. Овогодишното одбележување има посебна тежина бидејќи се навршуваат точно 10 години од нејзината канонизација и прогласување за светица од страна на Католичката црква во 2016 година.
„Од денеска па сè до 5 септември, Скопје е домаќин на традиционалната манифестација „Денови на Света Мајка Тереза“, која опфаќа богата духовна, културна и хуманитарна програма.“
Животен пат посветен на најранливите
Родена како најмладо дете во семејството Бојаџиу, таа следниот ден по раѓањето била крстена во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Подоцна го напуштила роднидот град и заминала во Индија, каде во 1950 година го основала редот „Мисионерки на милосрдието“ во Калкута. За својата несебична хуманитарна работа и борба за сиромашните, таа во 1979 година ја доби престижната Нобелова награда за мир, оставајќи вечно наследство за човештвото.


