во

СКАНДАЛ НА ЗАПАДНИОТ БРЕГ: Израелски пратеник со чекан во раце го вандализираше палестинскиот споменик!

Израелскиот пратеник од редовите на крајната десница, Зви Сукот, предизвика бурни реакции во јавноста откако заедно со неколку соработници со чекани го оштети споменикот посветен на загинатите Палестинци во селото Мадама на Западниот Брег.

На видеоснимките што први ги објавија палестинските медиуми се гледа како пратеникот од партијата Религиозен ционизам и неговите соработници со чекани удираат во споменикот, додека војници од израелската армија стојат во близина. Израелската војска остра се огради од инцидентот, соопштувајќи дека посетата била одобрена, но дека Сукот и неговиот тим дејствувале „измамнички и манипулативно“ за време на обиколката.

Зошто пратеникот се одлучи на овој чекор?

Супер Попуст -25%

Мета на вандализамот бил селскиот „Споменик на мачениците“, на кој се испишани имињата на десет Палестинци со датуми на смртта од 1930 до 2004 година, како и ознаки поврзани со палестински групи. Сукот јавно изјави дека се решил на овој чекор бидејќи војската не реагирала на неговите претходни барања за отстранување на спомениците на Западниот Брег што величат лица одговорни за напади врз Евреи и војници.

„Нема да поддржиме ситуација во која оние што им наштетија на Евреите и војниците на ИДФ се слават како херои,“ нагласи Сукот, повикувајќи ги надлежните органи трајно да ги отстранат сите слични обележја.

Состојбата на споменикот по инцидентот

Фотографиите од теренот покажуваат дека и покрај нападот со чекани, споменикот останал исправен, но е значително оштетен. Инцидентот наиде на остри осуди и од израелските политички претставници и од армиските структури, кои нагласија дека ваквите самоволни акти ја разгоруваат тензијата во регионот.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТАЈНА МИСИЈА ВО МОСКВА: Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, остварил ненадејна посета на руската престолнина!

ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ ОД КИЕВ: Разрешениот министер за одбрана Михајло Федоров предупредува – „Полека ја губиме војната!“