во

МИСЛЕВТЕ ДЕКА СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ? Шестиот и најсилен топлотен бран носи пеколни температури до 43 степени!

Јужна и Средна Европа се под опсада на шестиот и воедно најсилен топлотен бран оваа сезона, предизвикан од моќната „топлотна купола“ која го заробува и дополнително го загрева воздухот над континентот.

Според најновите прогнози на Severe Weather Europe, од четврток до сабота температурите во котлините и речните долини на Балканот, Северна Италија, Источна Хрватска, Србија и БиХ ќе се искачат до рекордни 43 степени. Организамот дополнително се исцрпува од таканаречените „тропски ноќи“, во кои живата на термометарот нема да се спушти под 22 до 26 степени, што претставува сериозен ризик за здравјето.

Судир на воздушни маси во Западна Европа и продолжување на жештините

Супер Попуст -25%

Додека африканскиот топлотен бран продолжува да се шири кон исток, Франција и Западна Европа во четврток ги очекува сериозен термички шок. Судирот на студениот атлантски и жешкиот медитерански воздух ќе генерира опасни суперќелиски бури проследени со голем град, олуен ветер, па дури и појава на торнада.

„Освежувањето на Балканот значајно доцни, а екстремните африкански температури според моменталните проекции ќе се задржат сè до почетокот на септември.“

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

УДАР ЗА ХРВАТСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Природните непогоди направија штета од 37 милиони евра само во првата половина од годината!

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Семејство од Битола го бара исчезнатиот маж кој се јавил од Штип со повредена нога!