во

Венко Филипче предупредува на сериозни ризици од изградбата на нови дата-центри!

Претседатело на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција излезе со остри предупредувања за потенцијалните опасности што изградбата на дата-центри ги носи врз македонското земјоделство, водните ресурси и цената на електричната енергија.

Филипче истакна дека станува збор за проекти кои Владата ги турка нетранспарентно, додека земјоделците веќе се соочуваат со огромни потешкотии поради неисплатени субвенции и ниски откупни цени. Тој постави прашање дали огромните количества вода потребни за ладење на овие центри ќе ги остават земјоделските полиња без неопходно водоснабдување.

Ризици по енергетскиот сектор и животната средина

Супер Попуст -25%

Покрај прашањето за водата, лидерот на опозицијата предупреди и на масивната потрошувачка на електрична енергија од страна на дата-центрите, што според него може да предизвика поскапувања, дополнителен увоз и ограничување на идниот индустриски развој во околината. Особено беше потенцирано прашањето каде ќе завршува загреаната вода од овие постројки и какви разорни последици тоа може да има врз локалните реки и биодиверзитетот.

„Зарем не е легитимно прашањето што ќе се случи со капацитетот за водоснабдување на полињата кога ќе се изгради ваков центар, и што ќе прави Македонија со струјата која масовно ќе се троши за овие потреби?“

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТУРЦИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈЛОШОТО: Во воените сценарија на Анкара разгледувана и можна војна со Грција и Израел!

АЛАРМАНТНА СОСТОЈБА НА ТЕРЕН: Денеска пладне гори на пет критични локации ширум државата!