
Додека траат редовните законски постапки за утврдување на околностите, претседатело на Република Српска, Милорад Додик, изнесе остри тврдења дека смртта на Младиќ претставувала „убиство“ поради наводно нехумано постапување и несоодветна медицинска помош. Сепак, овие обвинувања се во целосна спротивност со официјалните медицински документи од Хаг објавени само една недела пред неговата смрт.
Медицински извештаи и одбиено барање за ослободување
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Според извештајот од 13 август, здравствената состојба на Младиќ брзо се влошувала и тој влегол во последната фаза од животот, при што лекувањето било целосно насочено кон палијативна грижа и ублажување на болките. Дополнително, независните извештаи покажале дека самиот Младиќ бил задоволен од односот на лекарите, додека неговата одбрана не тврдела дека во Србија би добил подобри услови, па барањето за предвремено ослободување било одбиено од мнозинството судии.
„Претседателката на Механизмот, Грасиела Гати Сантана, го назначи судијата Ијан Бономи да ја води истрагата, што претставува стандардна законска процедура по смрт на притворено лице и не претставува потврда за политичките обвинувања.“


