во

ВОЕН АЛИЈАНСА МЕЃУ АТИНА И ТЕЛ АВИВ: Грција гради противракетен штит тежок 3,1 милијарди евра!

Грција и Израел официјално ја продлабочуваат воената соработка преку потпишување на договорите за реализација на амбициозниот противракетен систем „Ахилов штит“, вреден 3,1 милијарди евра.

Според најавите, договорите треба да бидат потпишани во Тел Авив меѓу грчкиот Генерален директорат за инвестиции во одбраната и СИБАТ – Дирекцијата за одбранбена соработка на Министерството за одбрана на Израел. Новиот одбранбен систем е дизајниран за сеопфатна заштита од ракети, воздушни закани и беспилотни летала, а во неговата реализација се очекува да учествуваат и дванаесет грчки компании со активности вредни преку 700 милиони евра.

Комбинирање на „Патриот“ системите и вештачка интелигенција

Супер Попуст -25%

Новиот воздушен штит ќе ја комбинира постојната воена опрема на Грција, како што се системите „Патриот“ и дроновите распоредени на островите и копното, заедно со напредни израелски технологии. Целиот систем функционрира со помош на софтвер заснован на вештачка интелигенција, што ќе овозможи максимална прецизност и брза реакција на секакви безбедносни предизвици.

„Ахиловиот штит претставува пресвртница во одбранбената архитектура на Грција, комбинирајќи напредна израелска технологија и вештачка интелигенција за заштита на територијата.“

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

КАТАКЛИЗМА ВО НЕПАЛ: Стотици неидентификувани жртви се закопуваат во масовни ровови, што предизвика револт кај локалните жители!

ШОКАНТЕН ПАД: Учебната година почнува со 3.000 првачиња и 433 паралелки помалку!