
Масовен марш под слоганот „Чекори за Лика, чекори за Хрватска“
Протестната колона започна пред Главната железничка станица во Загреб и се прелеа низ градските улици сè до централниот плоштад „Бан Јосип Јелачиќ“. Освен илјадниците граѓани кои организирано допатуваа со автобуси од Лика, Сплит и другите региони, на маршот се приклучија бројни еколошки активисти и истакнати јавни личности, меѓу кои актерот Раде Шербеџија и поп-ѕвездата Северина. Револтот кулминираше поради сознанијата дека на подрачјето на Госпиќ се закопани меѓу 34.000 и 37.000 тони отпад, од кој значаен дел бил нелегално увезен од Италија во периодот меѓу 2023 и 2024 година.
„Госпиќ и прекрасната Лика не смеат да се претворат во депонија за странски опасен отпад додека институциите со години замижуваат пред еколошката катастрофа“, порачаа говорниците пред преполниот плоштад.
Опасни материјали и закана по подземните води
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Еколошките здруженија предупредуваат дека ситуацијата на терен е критична и претставува директен удар врз здравјето на граѓаните. Според експертите, меѓу незаконски одложените материјали има токсичен медицински и индустриски отпад кој сериозно ги загрозува почвата, воздухот и чистите подземни води во овој недопрен регион. Активистите побараа итно спроведување независна проценка на ризикот и постојан еколошки мониторинг од стручни лица кои немаат никаква поврзаност со државните институции.
Јасен ултиматум и седум барања до Владата
Организаторите на протестот на крајот од собирот јавно испорачаа седум конкретни барања со прецизни рокови до властите. На Владата ѝ е даден рок од 20 дена да претстави детален план за санација, како и три месеци комплетно да отстрани најмалку 33.000 тони закопан отпад. Дополнително, се бара депонијата „Ракитовац“ да влезе во националниот план за управување со отпад, финансиска рамка за сите црни точки во земјата и итна привремена забрана за увоз на отпад во Хрватска, иако премиерот Пленковиќ и потпретседателот на Владата Томо Медвед уверуваат дека институциите веќе избрале изведувач и постапуваат системски.


