
Точка на апсолутно враќање за целата планета
Во своето најново интервју за рускиот весник „Ведомости“, Медведев директно предупреди на катастрофалните последици од евентуалната директна воена пресметка. Тој потенцираше дека иако Русија ја разбира својата одговорност за судбината на човештвото и се обидува да спречи глобална катастрофа, руското трпение не е неограничено. Според неговите зборови, евентуалниот нуклеарен удар би претставувал „точка на апсолутно враќање“ за целата планета, а не само за страните кои се директно инволвирани во конфликтот.
„Нашиот воен потенцијал овозможува да се удри во Киев и главните објекти на НАТО, така што нема да остане ниту еден камен, туку само сива нуклеарна прашина“, дециден е Медведев.
Оправдување преку руската нуклеарна доктрина
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Медведев појасни дека опцијата за користење нуклеарно оружје не е само заплашување, туку реалност предвидена со официјалната руска нуклеарна доктрина. Тој посочи дека агресијата од која било ненуклеарна држава врз Русија или Белорусија, доколку е поддржана од нуклеарна сила, Москва ќе ја третира како заеднички напад, што ѝ дава целосно право да одговори на критичната закана за нејзиниот суверенитет.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност директно го обвини „колективниот Запад“ дека намерно го турка светот кон нуклеарна апокалипса преку континуираната поддршка за Украина. Како примери за ваквите агресивни дејствија, тој ги наведе неодамнешниот упад на украинските вооружени сили во руската Курска област, нападите врз нуклеарната централа Запорожје и секојдневните напади врз руски градови. Тој предупреди дека ова не се „специјални ефекти“, туку реални чекори кои еден ден би можеле да го активираат крајното сценарио – Трета светска војна, резервирано за моментот кога сите други средства ќе станат неефикасни.


