во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 11 СЕПТЕМВРИ: Водолијата е со лоша волја, Ракот е претрупан со обврски, а Бикот мора да се потруди

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Иако мислевте дека една работа или обврска целосно сте ја завршиле, денес сепак ќе морате дополнително да се ангажирате околу тоа. Искористете ја позитивната енергија која во овој период е поврзана со полето на домот, повикајте ги пријателите или симпатијата на дружење кај вас.

♉

Бик

Очекувавте дека некои работи ќе одат полесно, и малку ви е напорно да се ангажирате во голема мера. Сепак, нема да биде потребен многу труд за да се заврши она што сте го планирале. Денот е одличен за комуникација со саканата личност или за флерт со некој кој ви е симпатичен.

♊

Близнаци

Позитивното расположение ќе ве држи во текот на целиот ден, иако ќе има пар ситуации кои ќе ве изнервираат или накратко ќе ве извадат од такт. Партнерот го сака вашето присуство, но вие имате покана и од пријателите. Ќе биде тешко да го вклопите и едното и другото и сигурно е дека некому ќе мора да му се замерите.

♋

Рак

Надредените, но и деловните партнери денес можат да ви нафрлат многу повеќе обврски и задачи отколку што реално можете да постигнете. Организирајте се подобро. Ви пречи љубомората и посесивноста која ја покажува партнерот, но се обидувате некако да ја избегнете расправата на оваа тема.

♌

Лав

Ќе ве окупираат деловните обврски и нема да бидете во можност да ги реализирате плановите кои сте ги имале намера. Ќе има пар збунувачки и конфузни ситуации во текот на денот, зачувајте ја присебноста. На една личност на суптилен начин ѝ испраќате сигнали дека сте заинтересирани.

♍

Девица

Денес полесно отколку што мислевте ќе успеете да завршите сè што сте планирале. Можно е и некој од колегите да ви прискокне на помош. Морате да ги испочитувате луѓето на кои сте им ветиле средба и малку е веројатно дека ќе успеете да се видите и со партнерот.

♎

Вага

Имате благ проблем да се усогласите со луѓето кои ви се деловно важни. Ова не се страшни разминувања, но и тоа е доволно за да ве направи нервозни. Желбата да се видите со некого е силна, но немојте да бидете разочарани ако оваа личност не успее да ве испочитува.

♏

Шкорпија

Повремено ќе се јавува нервоза поради деловните обврски. Немојте дополнително да си го расипувате денот со тоа што ќе дозволите да бидете вовлечени во канцелариски кавги. Во своите емотивни релации денес покажувате одредена дистанцираност или лоша волја.

♐

Стрелец

Доста работи испланиравте, но немојте да сметате на тоа дека лесно ќе излезете на крај со деловните ситуации. Ќе има повремено понапорни моменти, а постои и блага загриженост поради некој непланиран трошок. Контактот со емотивниот партнер е заснован на страст.

♑

Јарец

Нерасположени сте, иако немате вистински причини. Вашите позиции се стабилни и можете да бидете задоволни од постигнатото. Што се однесува до емотивниот сегмент, денес се нагласени посесивноста и љубомората, но и желбата да го контролирате секој сегмент од неговиот живот.

♒

Водолија

Колегата нема да го исполни ветувањето и ќе бидете лошо расположени, бидејќи сметавте на оваа услуга. Можете сериозно да му забележите за целата ситуација. Некој од работа се обидува да започне посилна приказна со вас, вистински ви е интересно, но засега не очекувате ништо специјално од ова.

♓

Риби

Иако сте незадоволни од комплетната деловна ситуација, се обидувате да се издигнете од моменталното расположение. Емотивниот дел е добро поставен, и саканата личност на секој начин ќе се обидува да ви се приближи и да ве издигне. Препуштете се на нежноста и љубовта, ќе ви годи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПОСЛЕДЕН ТОПОЛ ДЕН ОВАА НЕДЕЛА: Денеска до 35 степени, за викендот пристигнува силен циклон со дождови

ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ: Врховниот суд ја укина пресудата за Ласкарци, 16 загинати останаа без одговорност!